На 08.03.2019-та година во 16:30 часот било пријавено дека на крстосницата од локалниот пат од с.Просениково за с.Гечерлија-струмичко, Н.М.(20) од с.Сарај-струмичко управувајќи моторцикл „Фости ФТ-150“ изгубил контрола и паднал на коловозот.
Н.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струмица.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.