Општина Василево објави повик за прибирање понуди за градежни работи за квалификувани понудувачи, да дадат запечатени понуди, кои вклучуваат изградба на улица во населеното место Нова Маала до резервоарот во општина Василево.
Кредитот од Меѓународната банка за обнова и развој ѝ беше одобрен на Република Македонија со цел спроведување на проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) со намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за изградба на улица во Нова Маала.
Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации на адреса: Василево бб село Василево 2411, од 08 до 16 часот, телефон 034 /354 -444. Понудите треба да се достават до 07.08.2019-та година (среда). Дополнителни информации на следниот линк .







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.