Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Потпишани договорите за финансирање проекти од Програмата за рамномерен регионален развој

Градоначалниците на Струмица, Босилово и Василево во Владата на Македонија со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи ги потпишаа договорите за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2019-та година. На свеченото потпишување присуствуваа и вице-премиерот Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Коста Јаневски ги потпиша договорите за два проекти: изведба на улица со шеталиште во населеното место Градско Балдовци, за што се одобрени 1 милион денари и изведба на атмосферски канал во населеното место Габрово во вредност од 1.483.104 денари.

Градоначалникот на општина Босилово – Зоран Зимбаков ги потпиша договорите за изведба на инфраструктурни проекти за изградба на: локален пат во населено место  Робово и локална улица во Босилово.

Градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев го потпиша Договорот со кој на општина Василево од Бирото за регионален развој и се одобруваат средства во износ од 3 милиони денари за реализација на проектот: асфалтирање на улица во населено место Добрашинци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.