Општина Струмица во соработка со клубовите кои го користат фудбалското игралиште „Филип Лазаревски“ постави трибина со капацитет од 150 столчиња.
Трибината е направена со заедничко учество на сите клубови, а столчињата се донација од ФК „Беласица“.
Општинското игралиште ќе го користат фудбалските клубови „Беласица“, „Академија Пандев“, „Тиверија“, женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ како и спортската паралелка – Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.