Викендов, Јавното претпријатие за државни патишта го асфалтираше стариот пат Василево-Струмица, во делот од Добрејци до надвозникот кај Василево. Со тоа и последната делница од овој пат кој беше со коцка веќе е минато.
Како што истакна градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, општина Василево до ЈП за државни патишта уште во текот на минатата година има поднесено барање за реконструкција на овој дел од патот со оглед на постојната лоша состојба но и секојдневната експлоатација и фреквенција, посебно ако се има предвид фактот дека освен што поврзува две општини, од двете страни на патот се протега индустриската зона Василево.
Јанев додаде дека овој пат го користеа жителите на општината, но искористеноста се зголемува и поради индустриските капацитетите во овој дел, а бидејќи сѐ уште беше со коцка, уште од лани било поднесено барање за реконструкција, по што, беше вметнат во програмата на ЈП за државни патишта. Овој пат претставува и меѓуопштински патен правец.
Со комплетното асфалтирање на оваа делница учесниците во сообраќајот ќе добијат подобар квалитет и безбедност при патувањето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.