Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Поранешниот градоначалник на општина Василево заработи кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково, општина Василево и Л.Н.(45) од село Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 27.02.2014-та до октомври 2017-та година пријавениот, како градоначалник на Општина Василево, спротивно на Законот за изменување и дополнување на законот за јавните претпријатија, донел пет решенија за именување на второпријавениот за вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, и покрај тоа што не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

На 21.11.2016-та година второпријавениот, како вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, спротивно на Законот за административните службеници, изготвил и потпишал решение за распоредување на јавен службеник на раководно работно место во наведеното јавно претпријатие, кој не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.