Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Поради снегот тешко се проодни патните правци во Струмичко

  • Снегот кој почна да паѓа од вчера, предизвика проблеми на регионалните и локалните патни правци во струмичко.
  • За таа цел набавени се 30 тони сол и 25 тони ризла.
  • Не се препорачува тргнување на пат кон овие патни правци, доколку нема потреба за тоа.

Снегот кој почна да паѓа од вчера, предизвика проблеми на регионалните и локалните патни правци во струмичко. Селата Попчево, Рич, Орманли и Белотино се отсечени и до нив може да се стигне само со специјално возило или трактор – информираат од Центарот за известување.

Од вчера, патниот правец кој води кон Попчево, Рич и Белотино, екипи на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица го расчистува со градежна механизација а акцијата продолжува и денес. Тие информираа дека интензивно работат на чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини. За таа цел набавени се 30 тони сол и 25 тони ризла.

Тешко проодни се и регионалните правци Струмица-Берово и Струмица-Валандово, но не се официјално затворени за сообраќај. Не се препорачува тргнување на пат кон овие патни правци, доколку нема потреба за тоа.

Инаку висината на снежната покривка во Струмица изнесува околу 15-тина сантиметри а снегот и натаму продолжува да паѓа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.