На 08.05.2019 година, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола на учесници во сообракајот.
Контролирани се 119 возила и возачи, а 19 возила се упатени на вонреден технички преглед. Констатирани се седум прекршоци во однос на возила, за кои се издадени осум прекршочни платни налози и седум возила се исклучени од сообраќај.
Кај возачите се констатирани осумнаесет прекршоци, за кои се издадени осум мандатни платни налози, седум прекршочни платни налози, поднесени се две барања за поведување на прекршочна постапка и исклучени од сообраќај се осум возачи.
Исто така, изречени се три мерки и за непрописно паркирани возила, односно издадени се еден мандатен платен налог, еден прекршочен платен налог и еден возач е писмено предупреден.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.