Раководството и фудбалерите на ФК Академија Пандев решија да се вклучат директно во собирање на финансиите кои се потребни за медицински третмани на Томе Јанев.
Покрај сумата што како клуб ќе ја донираат, „Академија Пандев“ реши и сите средства собрани од влезници од преостанатите три натпревари во ПМФЛ на кои се домаќини да ги донираат во целост.
Значи утрешниот натпревар против Работнички, кој ќе се одигра во 16 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе можете со купената влезница од 100 денари да помогнете за што побрзо собирање на потрбните финансиски средства.
Поранешниот фудбалер на голем број македонски прволигаши, Томе Јанев има 29 години и боледува од ALS- болест на моторниот неврон.
За да се подобри неговата состојба потребно е да оди на медицински третмани во болницата „Sential“ во САД. Но, сумата од 44.500 долари е преголема за него и неговото семејство, поради што му е неопходна финансиска помош.
Да му помогнеме на Томе!!!
ДОНИРАЈТЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ: 143-454 (Македонски Телеком)
и Ж-ро сметка: 210-5017071183-75 (НЛБ Тутунска банка)







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.