Општина Василево во соработка со агенцијата за државни патишта работеше на подготовка за асфалтирање на регионалниот пат во населеното место Градошорци во должина од 850 метри до магистралниот пат А4.
Во активностите беше вклучено и ЈПКД „Турија“, кое помогна во отстранување на насипот од земја по самата должина на патот.
Доколку дозволат временските услови, асфалтирањето ќе започне деновиве и треба да биде завршено во текот на наредните денови.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.