Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Почнаа градежните активности за осветлување на улицата „Младинска“ во Струмица

По новото модерно осветлување во големиот градски парк, Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“.

Според директорот Митко Бујуклиев, комплетната замена на старото со ново улично осветлување ќе се изврши на потегот од градинката кај болницата, до градинката кај ООУ „Никола Вапцаров“ во должина од 1,5 километри.

Во овој зафат ќе бидат поставени 47 нови бандери со исто толку ЛЕД арматури со јачина од 80 вати.

Тие информираат дека општина Струмица и Јавното претпријатие ќе продолжат со подобрувањето на уличното осветлување и на други локации во градот и населените места.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.