Синоќа започна Велигденскиот турнир во мал фудбал во населеното место Доброшинци, во пресрет на велигденските празници.
Како што истакна градоначалникот на општина Василево – општината ги подржува ваквите турнири бидејќи овозможуваат меѓусебно дружење на граѓаните, продолжување на одредени традиции, а секако и афирмација на општина Василево не само на локално ниво туку и пошироко.
Оваа е втора година откако се организира овој турнир и на истиот учествуваат екипи и од други општини.
Наградниот фонд за турнирот изнесува:
I место – 70.000 денари
II место – 30.000 денари и
III место – 15.000 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.