Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Почна распределбата на бесплатни садови за комунален отпад во Струмица

Општина Струмица обезбеди бесплатни 8.500 садови за комунален отпад за индивидуалните домаќинства. Во 15 населени места поделени се 3.000, а од денеска почна распределбата на 5.500 садови на домаќинствата во градот.

Градоначалникот Јаневски упати апел до граѓаните за домаќинско однесување со садовите, за да траат подолго и да бидат во служба на подигнување на нивото на комуналната хигиена во градот и населените места.

Распределбата на садовите за комунален отпад е во рамките на кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“ која што ја спроведуваат општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ од март оваа година, а чија цел е создавање на чиста и здрава средина за живот во градот и населените места.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.