Вчера на 25.11.2018-та година почина Мите Грозданов – еден од бардовите на македонското глумиште. Грозданов кој инаку е родум од Струмица почина на 74 годишна возраст. Тој ќе остане запаметен како еден од најистакнатите македонски глумци, чија матична сцена се до пензионирањето беше Драмскиот театар во Скопје.
Грозданов уште во почетокот на својата кариера успеа да се вивне во уметничките височини, закитувајќи се со Златниот Ловоров Венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС, за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Во својата богата кариера тој имаше многу ангажмани, многу улоги, награди, монодрами, поетски збирки, стотици радиодрами, режии, настапи на телевизски драми и серии, како и неколку филмски улоги.
Грозданов има добиено бројни награди, меѓу кои се издвојува Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Тој играл во повеќе театарски претстави во кои одиграл значителни улоги.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.