Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

По собраните 130 метри кубни отпад, генерално чистење на плоштадот по „Струмица Опен Фест“

По завршувањето на „Струмица Опен фестивалот“ ЈПКД „Комуналец“ – Струмица собра вкупно 130 метри кубни отпад во последните три вечери од неговото одржување. Денес, екипи на „Комуналец“ продолжија со генерално чистење и дезинфицирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и околните улици.

Комплетно чистење и дезинфицирање се врши со специјално средство на целата површина.

Инаку и за време на одржувањето на фестивалот, екипи на ЈПКД „Комуналец“ вршеа редовно подигање на отпадот и чистење на местата каде што се одржуваа настаните на осмото издание на фестивалот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.