Младите од струмичката организација на Црвен Крст, по повод Неделата на младите, беа во посета на локалитетот Цареви Кули во Струмица.
При посетата младото членство учеше за историјата и историско богатство на струмичкиот регион, конзумираа здрава храна, а собраа и 6 вреќи со ѓубре оставено од несовесните сограѓани и посетители на овој историски локалитет.
Од Црвен Крст порачаа и другите млади да се придружат во движењето „Инфлуенсирај-волонтирај“ и да се вклучат во активностите и во активната грижа за почиста средина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.