Марија Брзакова од Босилово, која според исказот на нејзиниот сопруг домот го напуштила во саботата, оттогаш не е вратена ниту видена од некого.
Деновиве во атарот на Босилово трае полициската акција за пронаоѓање на 28-годишната жена, во која доброволно е вклучено и месното население.
Како што велат жителите на Босилово, во селото забележано е поголемо присуство на полиција која со кучиња трагачи ги пребаруваат теренот и речните корита и канали.
Марија исчезнала во саботата наутро и до денес сѐ уште нема никакви информации што се случило со неа.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.