Синоќа по 9-ти пат беше отворена традиционална „Иселениничка средба“ во општина Босилово, на која настапија неколку македонски музички бендови.
Идејата за организирање на оваа манифестација потекнува уште од далечната 2011-та година и опстојува успешно цели 9 години, а човекот од кого се роди оваа идеја, денес е актуелен градоначалник и по втор пат ја отвора оваа манифестација.
Зимбаков им посака топло добродојде на иселениците, истакнувајќи дека не треба да се чувствуваат како странци кога се враќаат во родните места. Тој ја искористи приликата да ги повика иселениците од оваа општина, како и нивните пријатели од странство, доколку имаат намера да инвестираат во земјава, нивните инвестиции ќе бидат добредојдени, а со тоа би се ублажил бранот на иселување.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.