На 09.08.2019-та година во 21:35 часот на магистралниот пат А-4 Струмица-Ново Село, поточно во с.Босилово Љ.Г. (43) од с.Старо Коњарево, управувајќи патничко моторно возило „Опел омега“ со струмички регистарски ознаки , удрил во Ј.И. (61) од Струмица.
Во незгодата пешакот Ј.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Струмица.
Увид извршила екипа од ПС-Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.