Од 31.05.2019-та година, до 04.06.2019-та година, Членови на Здружението на пензионери од општина Босилово ќе оствaрат возвратна посета на Здружението на пензионерите од град Обзор.
Средбите на овие две друштва се врз основа на претходно потпишаниот договор за збратимување помеѓу Обзор и општина Босилово.
Во повеќедневниот престој во овој град ќе присуствуват 32 пензионери од општина Босилово. Средбата ќе се искористи за запознавање и размена на искуства за работата на двете здруженија.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.