Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, во ексклузивно интервју за спортскиот весник „СПОРТ”, отворено зборува за случувањата во фудбалот во Македонија и за неговата кариера.
„Не можам да седам на страна и да гледам како фудбалот пропаѓа. Така е најлесно – сите да кренеме раце. И затоа сакам да бидам претседател на ФФМ. Секојдневно ме бараат пријатели и фудбалски работници од Македонија, но и видни имиња од Европа“, вели Пандев за „Спорт“.
„Би ја завршил фудбалската кариера во јуни идната година, ако тогаш постои можност да се одржи избор за прв човек на федерацијата јас би го прифатил предизвикот. На фудбалот му е потребно обединување. На фудбалот му се потребни вистински фудбалски работници.“, додава тој.
Интервјуто во целост можете да го прочитате во празничното издание на „Спорт“ кое е веќе во продажба.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.