Во текот на изминатите две недели, царинските службеници на граничните премини низ земјата откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока. На граничниот премин Ново Село, царинските службеници откриле обид за криумчарење на облека и патики.
64 парчиња облека (панталони, тренерки, маици и чорапи) и 3 пара патики, откриени се при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село.
Непријавените производи, кои се пронајдени во багажникот под резервната гума и во патни торби завиткани во стара облека, под задното седиште и во преградите од вратите, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.