Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Осумдесет возила на протестен караван од 65 километри, против отворање на рудникот „Иловица-Штука

„Наша котлина, наш дом“, „Стоп за рудници“, „Нашата судбина во наши раце“ се само дел од пораките кои активистите ги пренесуваа за време на протестниот, моторизиран алармен караван против отворањето на рудникот „Иловица-Штука“, кој се одржа во недела, во организација на „Здрава Котлина“, „Младите на Штука-Иловица против рудникот“ и „Еко Долина“.

Караванот се движеше по улиците на Струмица и населените места околу 3 часа, составен од 70-80 моторизирани возила, кои поминаа 65 км по определена патека, движејќи се во колона со намалена брзина на движење.

Целта на протестот беше јасно да се изрази волјата на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот Иловица-Штука – велат организаторите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.