НВО Инфоцентарот, Народниот правобранител и општина Струмица, организираа јавен настан на тема „Народниот правобранител и локалната власт, подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“, во домот на АРМ во Струмица.
Главниот фокус на дискусијата беше ставен на улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институци на локално ниво, со Народниот правобранител.
Во својата дискусија градоначалникот Коста Јаневски го потенцираше задоволството од соработката на општина Струмица со Народниот правобранител, преку подрачната канцеларија на Заменик народниот правобранител. Тој додаде дека еден од доказите за подготвеноста на локалните власти да соработуваат со Народниот правобранител, е и постоењето на Локалното координативно тело за заштита од дискриминација, формирано од општина Струмица, а во кое членува и претставник на струмичката подрачна канцеларија на Народниот правобранител.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.