Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Василево ќе реализира три проекти во вредност од околу 40 милиони денари

Општина Василево наскоро ќе започне со реализацијата на три проекти од областа на патната инфраструктура, во вредност од 40 милиони денари – најави првиот човек на општината – Марјан Јанев.

Овие проекти се дел од програмата за финансиска поддршка во рурален развој и земјоделието и имаат за цел значително да ги подобрат условите за живот на жителите на оваа општина.

Во мерката „Развој на јавна инфраструктура во руралните средини“ општина Василево обезбеди 15 милиони денари за реконструкција и ревитализација на локалниот пат Ново Владевци-Сушево, во должина од 1.878 метри.

Во мерката „Обнова и развој на селата“ обезбедени се средства во висина од 6 милиони денари за реконструкција на улицата од поштата до црквата во Василево, која треба да добие нов асфалт, ново улично осветлување, пешачки патеки од двете страни на улицата и атмосферска канализациона мрежа.

Во мерката „Зачувување на традиционалните вредности во руралните средини“ обезбедени се речиси 16 милиони денари со кои е во план да се асфалтираат околу 1.700 метри од патот Чанаклија – Нова Маала, со цел да се подобри комуникацијата помеѓу двете населени места.

Како што истакна Јанев, договорите за проектите се веќе потпишани а во следниот период би требало да се започне со нивно реализирање.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.