Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Василево им подари новогодишни пакетчиња на првачињата

Првачињата од ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, заедно со своите наставнички, беа гости во општинската зграда, каде од Дедо Мраз добија  новогодишни пакетчиња,  а тие преку песнички  се заблагодарија и му ја честитаа Новата година на градоначалникот  Марјан Јанев и вработените во општината. Градоначалникот пак, им посака на дечињата да бидат здрави и живи, весели, среќни и безгрижни во новата 2019-та година.

Традиционално, општина Василево секоја година им подарува новогодишни пакетчиња на сите првачиња кои учат во училиштата  во општина Василево.

Крајот на оваа 2018-та година, основците од ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, го одбележат со специјална новогодишна програма, под мотот „Да запееме сите заедно од нас за нас“,  која тие ја во спортската сала во Василево. Настанот беше од хуманитарен карактер и собраните средства од влезниците ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.