Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица промовирана на саемот за туризам во Барселона

Општина Струмица, во заедничка соработка со општина Струга, како партнери во спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“ – ToCulter, учествуваше на една од најголемите меѓународни изложби за туризам во светот – меѓународниот саем за туризам „Б-Травел“ 2019 во Барселона, Шпанија. 

Претставниците на општина Струмица, предводени од Претседателот на Советот Марјан Даскаловски, остварија голем број на состаноци и средби со менаџери, раководни лица и високи претставници на меѓународни тур-оператори, компании и организации за поддршка на туризмот, асоцијации и агенции, потенцијални партнери и соработници, со кои се разговараше за можноста за организирање на туристички пакети за Струмица и струмичкиот микро-регион, а со тоа и на нашата земја, во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања. 

Беа презентирани и промовирани туристичките потенцијали и капацитети со кои располага општина Струмица, беа разменети и споделени информации, контакти, добри практики и искуства од повеќе области на туризмот, со посебен осврт на руралниот туризам, алтернативните форми на туризам, културно-историското наследство, како и практикување на спортски активности, при што се разбуди голем интерес кај посетителите кои ја доживуваат Струмица како неоткриена туристичка дестинација. 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.