Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица претставена на обука за родово одговорно буџетирање

Успешно заврши тридневната обука за јакнење на капацитетите на 60 претставници од 20 општини во рамките на новата локална компонента на проектот на UN Women за родово одговорно буџетирање, која што се одржа во Струга.

Општина Струмица на оваа обука беше претставувана од Нела Масалковска, координатор за еднакви можности, Евгенија Граматикова, раководител на одделението за буџетска координација и Надица Патрикова, советник за образование.

Учесниците дискутираа за пристапот, најдобрите пракси, процеси и идни конкретни активности за примена на родовото одговорно буџетирање во нивните општини. UN Women продолжува да соработува со општините преку експертска менторска програма за родово одговорно буџетирање во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Македонија“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.