Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица остварила приход од 81.427.070,00 денари во 2018-та година

Во 2018-та година од даноци и такси општина Струмица остварила вкупен приход од 81.427.070,00 денари што е за 10.23% повеќе во однос на 2017-та година.

Од даноци се остварени вкупно 68.944.821,00 денари, а останатите 12.482.249,00 денари од наплатата на такси.

Според информациите од одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот од физички и правни лица реализирана е вкупна наплата од 22.831.885,00 денари или 90,57 проценти. Кај данокот на промет на недвижности остварена е наплата од 43.817.131,00 денари или 100 проценти, а стопроцентна наплата има и кај данокот на наследство и подарок со наплатени 2.195.805,00 денари.

Во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е наплата од 10.386.761,00 денари или 58,93 проценти, а 2.095.488,00 денари се наплатени од други видови на такси (користење на простор, музика, плоштади).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.