Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица на трето место по вредност на јавни набавки во 2018-та

Според Базата на податоци која ја објави Центарот за граѓански комуникации, Општина Струмица со нешто повеќе од 254 милиони денари е трета општина во Македонија по вредноста на јавните набавки направени во 2018 година.

Во првите три локални единици, покрај Општина Струмица, на прво место е Град Скопје додека на втората позиција Општина Куманово.

Вредноста на јавните набавки на општините во 2018-та изнесувале 97 милиони евра, што е за 17 милиони евра, односно за 21 отсто повеќе од 2017 година.

Според истражувањето пак компанијата „Струмица Експрес” ДОО Струмица е водечка компанија по добиени јавни набавки во 2018-та година во Македонија.

Со 49, „Струмица Експрес“ предничи пред второрангираната „Рики-Јуниор” од Кочани за 4 јавни набавки, односно за 5 пред „Макпетрол” од Скопје.

100% од добиените јавни набавки се направени од страна на општините Струмица, Василево и Босилово со вкупна вредност од нешто повеќе од 52 милиони денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.