Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица издвои 519.981 денар за униформи на 639 првачиња

Вкупно 639 ученици во прво одделение, во сите основни општински училишта добија училишни униформи (маици и дуксери), за кои општина Струмица издвои средства во висина од 519.981 денар.

При посетата на првачињата во ООУ „Видое Подгорец“, за да види како им стојат униформите, градоначалникот Коста јаневски истакна дека, со доделувањето на униформи, општината смета дека на некој начин ги ослободува родителите од дополнителен финансиски трошок и дека е корисно дечињата да имаат убави униформи бидејќи тоа ја поттикнува работната атмосфера и ја зголемува концентрацијата на децата кон работните задачи кои што им се зададени.

Тој додаде дека тендерската постапка е спроведена максимално и транспарентно и дека останува овој проект да продолжи и во наредната година, како и некои други слични вакви проекти кои што ќе им помогнат и на родителите и на децата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.