Со велосипедско дефиле и марш, општина Струмица го одбележа 21-ви септември – Светскиот ден без автомобили. Овој ден традиционално се одбележува во рамките на Европската недела на мобилност, која трае од 16-ти до 22-ри септември а годинава се одржува под мотото „Комбинирај и движи се“.
На почетокот од настанот, Јосиф Христов – член на Советот на општина Струмица, ја пренесе пораката за помалку користење на автомобилите и наместо тоа, граѓаните повеќе да пешачат или да користат велосипеди. Тој додаде дека целта на овој настан е да ја подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина и нивното здравје.
Велосипедското дефиле и маршот се одвиваа по улиците на Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.