Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Босилово со акции за почиста средина за своите жители

Деновиве општина Босилово ја продолжи акцијата за чистење низ населените места, со цел почиста животна средина за своите жители.

Во населените места Моноспитово и Секирник беа искосени јавните површини, извршена е замена на уличните светилки во Секирник и исчистени се православните гробишта во Иловица.

Претходно во населеното место Дрвош беше санирана и средена депонијата, за која, првиот човек на општината – Зоран Зимбаков, истакна дека сега фрлањето на ѓубрето ќе биде рутинска работа, а грижата за животната средина ќе зависи од сите кои живеат во оваа општина.

И натаму продолжуваат акциите и во останатите населени места, за поубава општина Босилово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.