На 10-ти април со свечена пригода беше одбележана 67 годишнината од постоењето на општина Босилово.
На свечената манифестација присуствуваа градоначалници и функционери, како и жители на општина Босилово.
Првиот човек на општината – Зоран Зимбаков, го честиташе денот истакнувајќи дека општина Босилово ќе напредува благодарение на придонесите кои секој нејзин жител ги дава за нејзин развој од повеќе аспекти и дека заеднички треба да се решаваат сите важни прашања, сите проблеми со кои се соочуваат жителите и во иднина, на идните генерации да им се остави нешто на кое ќе се радуваат и ќе бидат горди.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.