Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ООУ „Гоце Делчев“ – Василево го одбележа својот патронен празник

Со полагање свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор, денес ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, го одбележа својот патронен празник.

Пред споменикот на Делчев беше прочитана творба за неговите дела по што делегации од училиштето и локалната самоуправа, меѓу кои и првиот човек на општината – Марјан Јанев, се поклонија пред бистата и положија свежо цвеќе.

Оваа година се одбележуваат 116 години од смртта на македонскиот револуционер и народен херој Гоце Делчев, кој загинал на 4-ти мај 1903 година во битката во село Баница.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.