По повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулоза, ОО на „Црвен крст“ – Струмица, одржа едукативно предавање во населеното место Нова маала – општина Василево.
На присутните им беа презентирани основните информации за болеста, нејзиниот тек и можните несакани последици. Исто така, населението се запозна и со мерките на заштита и претпазливост, со цел да не дојде до ширење на инфекцијата и им беа поделени флаери кои на сликовит начин го објаснуваат ризикот од инфекцијата со причинителот на туберкулоза.
Туберкулозата е една од десетте водечки причини за смрт во светот, а ја има и кај нас и претставува огромна закана по здравјето. Целта на овие едукативни предавања е да се подигне свеста кај населението и да се помогне во искоренување на болеста на глобално ниво.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.