Денес во „Градски парк“ – Струмица ќе се одржи неколку часовна музичка забава на „One Love Tour“ со изведувачи од Македонија и Бугарија – дел од годинашното издание на „Струмица Опен Фест“.
Манифестацијата со најубави звуци во својата програма ја има турнејата кој споделува една љубов преку границите на двете земји.
Настапуват: Слаткаристика, Љубојна, Графа – Владимир Ампов, Михаела Филева, GP&Steffonator, Џамбо Агушеви оркестар и Алеја на занаетите.
„One Love Tour“ во Струмица го носи најдоброто од двете држави за сите генерации, најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и традициите меѓу Македонија и Бугарија.
Настани насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи.
Влезот е слободен и отворен за сите посетители. Освен во Струмица, турнејата ќе се одржи во шест други градови во двете земји и тоа: Банско, Скопје, Крива Паланка, Бургас, Варна и Стара Загора.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.