Во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица беа реализирани 29-те по ред Републички детски средби „Цвеќе 2019“. На нив учествуваа 23 екипи од основните општински училишта од Струмица, Ново Село, Босилово, Берово, Стојаково, Гевгелија, Демир Капија и Кочани.
Учесниците се натпреваруваа во три категории: цртање на хамер, ликовни творби за изложба и аранжирање свежо цвеќе во икебани. Оценувањето го вршеа стручни лица од дејноста и беа доделени 10 награди за цртање на хамер, 14 награди за ликовните творби за изложба, 5 награди за аранжирање на свежо цвеќе и симболична награда за секој учесник.
Гости на настанот беа хетерогената инклузивна група „Надеж“ со перформансот „После дождот“ во режија на Наташа Ѓоргиева, во кој учествуваа возрасни, деца, ученици од СОУ „Јане Сандански“ и ООУ „Маршал Тито“ и девојките од Центарот за балетска уметност „Референсе“ со нивниот ментор Олгица Илиева.
Присутни беа и Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, дел од советниците, преставници на институции, преставници на одделенијата за образование и заинтересирани граѓани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.