Одбојкарската екипа на ООУ „Видое Подгорец“ до 6 април учествува на светското првенство во одбојка за основни училишта кое што се одржува во Пореч, Хрватска, а на кое учествуваат 14 држави од целиот свет.
Екипата е поканета на ова првенство како државен првак во одбојка и за нејзините членови, но и за целото училиште претставува голем предизвик во постигнувањето на нови, светски резултати.
Пред заминувањето во Хрватска, членовите на одбојкарската екипа упатија голема благодарност до општина Струмица, Федерацијата на училишен спорт и сите останати кои им помогнаа и веруваат во нив.
Во знак на благодарност порачаа дека Струмица и Mакедонија ќе ги претстават во најдобро светло.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.