Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Одбојкарките на „Наковски Волеј“ – Струмица во финале на Куп на Македонија

Женскиот одбојкарски клуб „Наковски Волеј“ од Струмица, обезбеди место во финалето на најпрестижниот Куп на Македонија, откако со резултат 3:0 извојуваше победа над екипата на „Пелистер“ – Битола.

„За четири натпреварувачки сезони и само три во Првата одбојкарска лига, направивме нешто на кое можат да ни позавидат клубови кои долги години се натпреваруваат во Прва Државна лига. Со оваа генерација на девојки (од кои поголемиот дел сѐ уште се натпреваруваат во младинските категории), ги поставивме темелите на нашиот клуб. Со нив чекор по чекор (од кадетски и младински прваци) еве нѐ во финалето за борба за најпрестижниот КУП на Македонија. Тие се инспирација за многу млади деца кои тукушто започнуваат да играат одбојка. Струмица па и цела Македонија треба да биде горда на нас, затоа што ја вративме публиката на трибините“ – стои на фејсбук страната на „Наковски Волеј“.

Во финалето на Купот на Македонија, „Наковски Волеј“ за првото место ќе се бори против „Работнички“ – Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.