Со одбележувањето на Тримерските обичаи во центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица, претседателот на Организациониот одбор – Александар Цицимов, му го врати клучот од градот на градоначалникот Коста Јаневски, со што завршија сите програмски содржини на годинашниот „Струмички карневал“.
Градоначалникот Јаневски упати јавна благодарност до членовите на Организациониот одбор и до граѓаните на општина Струмица за одговорноста што ја покажаа и придонесот што го дадоа, а поради кои сите карневалски денови поминаа во најдобар ред и без ниту еден инцидент.
На одбележувањето на Тримерските обичаи присуствуваше и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, кој заедно со градоначалникот Јаневски и претседателот на Советот – Марјан Даскаловски, вкусија од традиционалните посни тримерски јадења.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.