Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Одбележан 19-ти јули – Денот на средбата на младите револуционери од Струмица и Радовиш

Денес, во организација на општина Василево, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, беше одбележана историската средба на младите од Струмица и Радовиш која се случила на 19-ти јули 1941-ва година, на половина пат меѓу Струмица и Радовиш. 

Пред 78 години под превезот на настан за заедничко дружење на младите од Струмица и Радовиш, биле поставени основите на нивната идна  заедничка револуционерна соработка. На настанот од 19-ти јули му претходеле демонстрациите од април 1941-ва, организирани од  Партиската организација во Струмица, по што  членовите на Партијата и СКОЈ имале јасна задача: на секој граѓанин, младинец и работник да му се укаже за целта и тенденцијата на окупаторот. Посебен акцент бил ставан на будењето на националната свест кај младата генерација.

На денешното одбележување беше прочитан реферат за настанот, а делегации од општина Василево и општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш положија свежо цвеќе пред спомен плочата која сведочи за настанот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.