Општина Струмица денеска ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Пред неговиот споменик на истоимениот плоштад се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Коста Јаневски, членови на рецитаторската секција од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса рецитираа револуционерна поезија, а беше положено и свежо цвеќе.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.