Покрај зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, општина Струмица ангажираше и дополнителни компании за расчистување на снегот на локалните патишта и улици во повеќе населени места.
Во моментов се работи на покритичните патни правци: Муртино – Банско – Габрово, Куклиш – Свидовица, Добрејци – Просениково – индустриска зона Север, Раборци – Попчево – Рич, Баница – Водоча – Вељуса, Костурино – Дорломбос – Мемешли.
Од општината информираат дека во зависност од снежните врнежи и потребите, ќе се интервенира и во останатите населени места.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.