Струмичанец – вработен во претпријатие за собирање отпад, извршил обљуба врз немоќно лице од Струмица и против него е поднесен Обвинителен акт за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик, од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица.
Притоа, до Основен суд Струмица, Обвинителот доставил и предлог за продолжување на определената мерка притвор.
Како што соопштуваат од Обвинителството, обвинетиот на возраст од 32 години, искористувајќи го претходното познатство со жртвата, на 11-ти декември ја нападнал во нејзиниот дом оштетената – лице со пречки во развојот, вршејќи обљуба. Тој како вработени во претпријатие за собирање отпад претходно ја сретнал жртвата, осознавајќи ја нејзината состојба, како и состојбата на нејзиниот дом. Делото го извршил во моментот кога таа била сама.
Обвинетиот е пријавен од страна на родител на оштетената и веднаш бил лишен од слобода а од обвинителството соопштуваат дека веднаш се преземени дејствија за расчистување на настанот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.