Градоначалникот Коста Јаневски, по повод Денот на независноста „8-ми Септември“, денес од плоштадот во Струмица им се обрати на насобраните граѓани.
Тој во својот говор истакна дека ако во првите години од независноста, причините за некакви недоследности и несогласувања, ги баравме во плуралното неискуство и во боледувањето од некакви детски болести како држава, тогаш денес, по 27 години од крунисувањето на македонската самостојност, мора сериозно да бидеме загрижени за поделбите кои се уште остануваат и се продлабочуваат, па како такви сериозно го обременуваат нашето секојдневие.
„Борбата против нагласената политичка поларизација, закопувањето на суетите и интересите на одредени поединци или политички субјекти и враќањето на сеопштите вредности, се од приоритетно значење за Република Македонија, особено сега, кога пред сите нас е исправен исклучителниот предизвик кој со себе го носи претстојниот референдум на 30-ти Септември.“, рече градоначалникот Јаневски.
Овој 8-ми септември, се навршуваат 27 години од независноста на Македонија од СФРЈ, а празникот падна во сенка на претстојниот референдум кој за повеќе политички чинители се издига како историски момент и продолжение на референдумот за независност од пред 27 години.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.