Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Објавен оглас за доставувањето на предлози и кандидати за избор на најдобрите спортски екипи, спортисти и тренери на Општина Струмица за 2019 година

  • Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;2.
  • Најдобар спортист во млади категории - 2 предлога;2.
  • Предлозите треба да се достават во што е можно пократок рок, а најкасно до 16.

Во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се организира и одржи традиционалната манифестација – Избор на најдобрите спортски екипи, спортисти и тренери на Општина Струмица за 2019 година.
Прогласувањето на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери од општина Струмица за 2019 година, ќе се одржи на 24.јануари 2020 година – ПЕТОК во ресторан „СТУДИО ИН“ во Струмица.
Оваа година изборот на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери, ќе се подели во ТРИ категории:
– КВАЛИТЕТЕН ЕКИПЕН СПОРТ
– КВАЛИТЕТЕН ИНДИВИДУАЛЕН СПОРТ
– МАСОВЕН СПОРТ
Во овој контекст потребно е да се достават предлози и кандидати за следните категории:

КВАЛИТЕТЕН ЕКИПЕН СПОРТ:

1. Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;
2. Најдобра екипа во млади категории – 1 предлог;
3. Најдобар тренер во млади категории – 1 предлог;
4. Најдобар тренер – сениорски екипи – 1 предлог;
5. Најдобра екипа во сениорска конкуренција – 1 предлог;
6. Најдобар спортист – 2 предлога.

Во категоријата КВАЛИТЕТЕН ИНДИВИДУАЛЕН СПОРТ (пингпонг, карате, кикбокс, борење, атлетика, тенис и други индивидуални спортови), соодветните спортски клубови од индивидуалните спортови да достават свои предлози и кандидати за следните категории:
1. Најдобар спортист во млади категории – 2 предлога;
2. Најдобар спортист во сениорска конкуренција – 2 предлога;
3. Најдобар тренер во индивидуални спортови – 1 предлог;

Во категорија МАСОВЕН СПОРТ (планинарство, ориентација, лов, риболов, училишен спорт, мотоспорт, велосипедизам и други масовни спортови), соодветните спортски клубови и друштва од наведените масовни спортови, да достават свои предлози и кандидати за следните категории:
1. Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;
2. Најдобра екипа во млади категории -1 предлог;
3. Најдобар тренер во масовен спорт – 1 предлог;
4. Најдобра екипа во сениорска конкуренција – 1 предлог;
5. Најдобар спортист во сениорска конкуренција – 2 предлога.

При доставувањето на предлозите и кандидатите, потребно е да се достави и кратко образложение за најзначајните постигнати резултати и успеси на предложениот кандидат остварени во 2019 година. За меѓународните настапи и резултати на предложените кандидати, треба да се достави фотокопија на соодветен документ од организаторот на натпреварувањето.

Предлозите треба да се достават во што е можно пократок рок, а најкасно до 16. 01.2020 година / ЧЕТВРТОК / по електронска пошта (Е-маил): sportist2019@gmail.com
НАПОМЕНА: Сите предлози кои нема да пристигнат до наведениот рок нема да бидат земени во предвид.

КОНТАКТ ЛИЦА:
Тони Караколев 076 / 685 – 432
Ристо Секулов 076 / 483 – 091

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.