Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

НУЦК „Антон Панов“ Струмица ќе донира дел од своите приходи за хуманитарни цели

Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица, одлучи да го прогласи месец мај за месец на солидарноста, со намера, дел од своите приходи да ги донира во хуманитарни цели.

Одлуката за овој хуман гест на Центарот за култура произлегува од фактот што, месец мај, е еден од програмски најангажираните периоди во годината за нив, па заеднички со своите вработени и капацитет, ќе помогнат онаму каде што е најпотребно.

Одвоените средства солидарно ќе бидат донирани за потребите на сограѓани, кои веќе имаат доставено барање за помош за нивно лекување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.