Здружението „Љубезност“ организира новогодишна трпеза за бездомници во Струмица и Скопје. Целта е да не се фрла големата количина на храна која ќе остане вишок од новогодишната ноќ и наместо да заврши во контејнерите, да се донира на бездомниците и социјално загрозените во Струмица и Скопје.
Здружението се обврзува да ја преземе храната од локација која заеднички ќе ја договорат со оние кои сакаат да помогнат и истата ќе ја донираат на бездомниците и социјално загрозените во овие два града.
Граѓаните кои сакаат да помогнат можат да го исконтактираат здружението на телефонскиот број 077 687 834 за Струмица во следните термини:
-вторник, 01.01.2019-та година, во периодот од 17:00 до 21:00 часот и
-среда, 02.01.2019-та година, во периодот од 09:00 до 17:00
Собирањето на донираната храна ќе биде во среда, 02.01.2019-та година во периодот од 17:00 до 21:00 часот.
Од „Љубезност“ ги повикуваат граѓаните и рестораните да ги контактираат во горенаведените термини. Здружението по четврти пат ја организира оваа хуманитарна акција во Скопје а годинава и во Струмица, со цел на овие категории граѓани да им се разубават празниците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.