Општина Струмица доби два проекти во вкупна вредност од 450.000 евра од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, откако градоначалникот Коста Јаневски, во Министерството за регионален развој и јавни работи на Р.Бугарија, потпиша договори за два нови проекти.
Со проектот Струмица – Ќустендил ќе се подобри туристичката инфраструктура во околината на манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча со уредување на пристапни патеки од реден камен, чистење и хортикултурно уредување на просторот, заштитни ѕидови и огради на река Водочница, одморалиште со најсовремена урбана опрема за посетителите и други активности.
Со проект Петрич – Струмица ќе се подобри институционалната подготвеност на Терторијалната противпожарна единица при општина Струмица за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи преку набавка на современо повеќенаменско возило за реакција при пожари и поплави.
Струмица е единствената македонска општина која доби два проекти од оваа програма.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.